Потпретседателот на европарламентот тешко повреден во сообраќајка

Loading...

Потпретседателот на Европскиот парламент, Александер Алваро е тешко повреден во сообраќајна несреќа во ноќта кон саботата во западна Германија, изјави во саботата портпаролот на групата не Европските либерали ALDE.
Триесет и седум годишниот Александер Алваро е член на германските Слободни демократи (FDP).
Според полициски извори, „ауди“-то на Авларо се судрил на автопатот меѓу Буршејс и Леверкузен во автомобил кој се попречил на коловозот.
„Информиран сум за автомобилската несреќа во која учествувал Александер Алваро и длабоко сум шокиран од оваа страшна несреќа. Во името на Европскиот парламент и неговите колеги, му посакувам брзо и целосно заздравување“, се вели во соопштението на претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц.
МакфаксПотпретседателот на Европскиот парламент, Александер Алваро е тешко повреден во сообраќајна несреќа во ноќта кон сабот

loading...
Loading...