Поштетно е отколку што мислите, тргнете ги децата од таблетите и мобилните телефони

Технологијата е нешто одлично и е корисна во безброј случаи. Сепак, нејзиниот напредок може да има многу лош ефект на младите луѓе, од кој ефектот кој го има на децата е најопасен. Пред 10 години психологот Су Палмер рекла дека социјалните мрежи може да бидат многу лошо нешто што претставува ризик за луѓето. Изгледа дека била потполно во право. Никој не ја слушал тогаш, а денес сме соочени со издигнување на технологијата што го уништува нашето општество.
Социјалните мрежи имаат лош ефект на сите возрасни и млади кои поминуваат многу време на нив. Постојат и некои нови ризици за децата кои се родени и кои растат сред оваа технолошка револуција. Возрасните се родени во период кога технологијата не се користела колку денес. Тие знаат како е да седите со семејството без сите да гледаат во малите екрани. Денешните деца не знаат како изгледа тоа.


Можеби најлошото нешто што им го прават родителите на своите деца е тоа што им даваат таблети само за да замолчат. Су Палмер се јавува со ново предупредување. Во нејзината книга „Токсично детство“ (Toxic Childhood) таа ги истакнува опасностите за менталното и физичкото здравје на децата од претераното користење смартфони и таблети.
Сè повеќе и повеќе деца стануваат робови на екраните, а просечното дете поминува и до 6 часа дневно со екран пред себе. Палмер смета дека можеме само да шпекулираме за ефектот на технологијата врз децата бидејќи сè уште не знаеме како би се однесувале како возрасни.
Неодамнешно истражување покажало дека 10% од децата помали од 4 години се успиваат со таблети. Друго истражување покажало дека една третина од децата под 3 години имаат сопствени таблети.
Колку порано им ја претставуваме оваа технологија на децата, толку потешко им станува да живеат без неа. Животот не е за Интернетот и социјалните мрежи. Децата треба да бидат во природа и да се забавуваат. Па обидете се да го тргнете екранот од рацете на вашето дете и натерајте го да почне да си игра. Организирајте заеднички излет на отворено. Ограничете му го времето кое го поминува со таблет и смартфон за барем малку да го заштитите.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.