Превкусен чизкејк со капини

Loading...

500 г несолена урда
500 г капини
200 г шеќер
150 г шеќер во прав
1 лимон
1 екстракт од бутер ванила
400 мл слатка павлака
4 лажици кисела павлака
1 пакетче желатин
1 пакетче згуснувач за торти
1 готова кора падишпан
Ставете ги капините со шеќерот да се сварат. Варете ги околу 5 минути откако ќе почнат да вријат. Процедете ги преку сито.
Изматете 300 г урда и 150 г шеќер во прав. Додадете 2 лажици кисела павлака, рендана кора од половина лимон и екстракт од бутер ванила.
Посебно изматете ги преостанатите 200 г урда со пулпата од капините. Додадете ја другата половина изрендан лимон и исцедете сок од половина лимон. Убаво изматете со миксер, па додадете ги преостанатите 2 лажици кисела павлака.
Подгответе го желатинот според упатството, 2/3 додадете во белиот фил, а 1/3 во филот со капини.
Изматете ја слатката павлака, па додадете ја на двете места по половина и изматете ги.
Исечете ја готовата кора паднишпан спрема дното на калапот.  Обложете го дното на калапот со паднишпанот и премачкајте во висина од 1 см со филот од капини. Ставете половина од белиот фил, премачкајте го грубо и одозгора додадете 3-4 лажици од филот со капини, па измешајте грубо и нееднакво, за да дојди мермерен колорит. Повторете ја постапката уште еднаш на истиот начин со филовите.
Подгответе го преливот за торти според упатството, но наместо со вода користете го сирупот од капини, кој доколку има потреба ќе го дополните со вода по потребата. Прелијте ја тортата одозгора, декорирајте со шарени шеќерни трошки и изладете ја тортата.

loading...