Предупредување за навивачите – фашизмот ќе се казнува

Полицијата во Њукасл ги предупреди навивачите на овој тим, дека секој навивач кој фашистички ќе го поздрави менаџерот на Сандерленд, Паоло Ди Канио, ќе биде уапсен.

Во недела, во Премиер лигата, ќе се одигра регионалното дерби помеѓу Њукасл и Сандерленд, а Ди Канио ќе дебитира на клупата на ’црните мачки’. Шефот на локалната полиција Стив Нил ги предупредил навивачите непријателството да го задржат во границите на законот, напоменувајќи дека секое навредливо однесување преставува кривично дело. „Било какви гестови, особено расистички, се неприфатливи и ние ќе ги превземеме сите законски мерки. Поединци можеби мислат дека тоа е само забава но им порачувам дека нема да биде така“, рекол Нил. Натпреварот на „Сент Џејмс Парк“ в недела ќе започне во 13 часот.
Makфакс
Полицијата во Њукасл ги предупреди навивачите на овој тим, дека секој навивач кој фашистички ќ

Пронајдете не на следниве мрежи: