Претседателот на Атлетико тврди дека финалето ќе се игра во Мадрид

Loading...

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, нема дилема каде ќе се одигра финалниот натпревар во Купот на Кралот, во кој неговиот тим за противник ќе го има Реал Мадрид.

„Сигурно ќе се игра во Мадрид. Тоа ви го гарантирам. Постојат уште некои детали кои Фудбалскиот сојуз на Шпанија треба да ги прецизира, но мислам дека е логично, овој меч да се игра во Мадрид“, изјавил Серезо за шпанските медиуми. Инаку, претходно беше најавувано дека финалето ќе се игра во Барселона, но прашање е како би биле пречекани навивачите на мадридските тимови во престолнината на Каталонија. Дополнително страстите ги подргеаја од Реал, кои тврдеа дека финалето треба да се игра на „Ноу Камп“ во Барселона.
Макфакс
Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, нема дилема каде ќе се одигра финалниот натпр

loading...
Loading...