Претседателски избори во Црна Гора

Црна Гора во недела по шести пат од воведување на повеќепартискиот систем и втор пат од стекнувањето на независност во 2006 година избира претседател на државата.На изборите учествуваат само двајца кандидати-актуелниот претседател Филип Вујановиќ, претставник на владеачката Демократска партија на социјалистите, кого го поддржуваат и малцинствата и независниот кандидат Миодраг Лекиќ, кој има поддршка на опозицијата, која е претежно од просрпскиот блок.Кандидатурата на Вујановиќ беше оценувана од Уставниот суд, откако Социјалдемократската партија (СДП), долгогодишен коалиционен партнер на ДПС, на чие чело се наоѓа Мило Ѓукановиќ, тврдеше дека актуелниот претседател на државата не може повторно да биде избран, бидејќи тоа би му било трет мандат.Уставниот суд сепак одлучи дека кандидатурата на Вујановиќ не е во спротивно со уставот на Црна Гора.Спорт настана околу тоа како да се третира фактот што половина од својот прв мандат Вујановиќ го одработи, додека државата беше во заедница со Србија.Оценувајќи дека кандидатурата на Вујановиќ е неуставна, СДП го повика членството да не гласа за ниту еден од кандидатите.Противкандидатот на Вујановиќ, Миодраг Лекиќ е професор на еден универзитет во Рим и важи за искусен дипломат. Тој беше министер за надворешни работи во владата на Ѓукановиќ и бил амбасадор на државната заедница Србија и Црна Гора.Покрај тоа што е кандидат на разединета и хетерогена опозиција, аналитичарите го истакнуваат неискуството на Лекиќ во водењето на предизборна кампања, со оглед дека на конвенциите повеќе влегувал во вербален дуел со (неприсутниот) Вујановиќ отколку што говорел за својата програма.Последните анкети му даваа предност на претседателот Вујановиќ, а аналитичарите сметаат дека и покрај неколкуте афери кои во последно време ја потресуваат владеачката ДПС, хетерогената опозиција собрана околу просрпскиот Демократски фронт (ДФ).Гласачко право на овие избори имаат 511.405 граѓани.
МакфаксЦрна Гора во недела по шести пат од воведување на повеќепартискиот систем и втор пат од стекнувањето на независност во

Пронајдете не на следниве мрежи: