Рецепт за печени тиквички со пармезан

Свежите тиквички се совршениот летен зеленчук кој може да се подготви на различни начини. Во продолжение прочитајте го нашиот предлог за тиквички со пармезан.

Потребни состојки:
2-3 тиквички
200 грама лебни трошки
150 грама пармезан
65 грама свеж босилек
1 лажичка лук во прав
½ лажичка сол
црн пипер
2 јајца

Рецепт за печени тиквички со пармезан

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 220 степени целзиусови.

Измијте ги тиквичките и исечкајте ги на тенки парчиња.

Во еден сад изматете ги јајцата, а во друг измешајте ги лебните трошки, пармезанот, солта, биберот, лукот и босилекот. Тиквичките првин потопете ги во садот со јајцата, а потоа во садот со зачините.

Ставете ги да се печат околу 15 до 20 минути додека не добијат убава златножолта боја. Послужете ги со вашиот омилен сос. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за печени тиквички со пармезан, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за превкусни солени колачи со тиквички и сирење.

Пронајдете не на следниве мрежи: