Робен горд на соиграчите, Роура верува дека ништо не е загубено

Loading...

Аријан Робен беше стрелец на еден од четири погодоци со кои Баерн ја размонтира Барселона во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони.Холанѓанецот покрај постигнатиот гол асистираше за првиот и вториот погодок на својот тим и го одигра најдобриот меч оваа сезона во дресот на Баварците.„Барселона доминираше во Европа во последните неколку години, а сега ние бевме доминантни против нив. Можеме да бидеме горди“, рекол Робен по натпреварот во Минхен.Инаку победата на Баерн и не е некои изненадување, но секако дека резултатот од 4:0 е изненадување кои набрзина го обиколи светото на фудбалот.„Знаевме дека сме способни да одиграме добро. Пред мечот шансите беа 50-50. Повторувам можеме да бидеме годи на себе“, заклучил Робен.Тренерот на Барселона, Тито Виланова, тактички беше целосно надмудрен од поискусниот колега Јуп Хајнкенс, неговиот помошник Роура ја признава супериорноста на Баерн но верува дека ништо не е загубено.„Заслужуваат честитки, многу се силни, особено физички. Ние во првиот дел и не игравме лошо, но голот кој го примивме на почетокот од второто полувреме целосно ни ја растури играта. Тие одиграа фантастичен меч, ние не можевме да им парираме. Иако сите мислат дека ова е крајот, сепак, Барселона верува дека ние можеме да играме во финалето“, рекол помошникот на Виланова, Џорди Роура.
МакфаксАријан Робен беше стрелец на еден од четири погодоци со кои Баерн ја размонтира Барселона во првиот полуфинален натпре

loading...
Loading...