Русија воведе забрана за влез во земјата за 100 Канаѓани, меѓу кои и холивудскиот актер Џим Кери, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
„Влезот е одбиен врз основа на реципроцитет како одговор на одлуката на режимот на премиерот Џастин Трудо да воведе санкции против руското раководство, политичарите, пратениците, деловните луѓе, експертите, новинарите, културните личности и сите други кои русофобната влада на Канада ги смета за непожелни“, се вели во соопштението.

На 28 октомври, Канада воведе санкции против 35 Руси и шест руски компании.
Голем број Украинци живеат во Канада и побараа од владата во Отава да ги заостри санкциите против Русија.
Санкции беа воведени против рускиот вицепремиер Александар Новак, министерот за индустрија Денис Мантуров, министерот за енергетика Николај Шулгинов и претседателот на одборот на директори на Газпром Виктор Зубвков.
Канада воведе санкции и за Лукоил, Трансоил и Согаз.
Пронајдете не на следниве мрежи: