Руска ракета падна на територијата на Молдавија. Неколку куќи се оштетени

Руски проектил соборен од украински систем за противвоздушна одбрана паднал во Молдавија, соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи.

Руска ракета падна на територијата на Молдавија. Неколку куќи се оштетени

„Утрово проектил соборен од украинскиот противвоздушен систем падна во северниот дел на градот Наславц во Република Молдавија, кој се наоѓа на границата со Украина. Во моментов нема повредени, но оштетени се неколку куќи во Наславце“, јавува „Главком“.

Треба да се напомене дека украинските власти известија дека утринава бил извршен напад со дрон на браната Днестар на територијата на Украина, која се наоѓа на еден километар од браната во Навслач.

Рускиот напад не ја оштети браната, но електричните компоненти поврзани со неа беа компромитирани. Украинските власти најавуваат дека во моментов нема опасност од поплави.

Инаку, силите на Министерството за внатрешни работи на Молдавија го опколиле подрачјето каде паднала ракетата за да избегнат потенцијална опасност и се спроведува истрага, пренесува порталот Timpul.md.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.