Рускиот суд заплени 463 милиони евра на УниКредит банка

– Рускиот суд конфискуваше имот во вредност од 463 милиони евра (503 милиони долари) кој ѝ припаѓа на италијанскаста УниКредит банка.Арбитражниот суд во Санкт Петербург води постапка на компанијата RusHimAlyans во сопственост на Гаспром против УниКредит.Имотот, според судската одлука вклучува хартии од вредност, недвижности и средства на сметката на банката.Компанијата во сопственост на Гаспром претходно поднесе тужба против Deutsche Bank и Commerzbank.УниКредит беше меѓу гарантите на договорот со германската компанија „Linde“ за изградба на фабрика за преработка на природен гас во Русија, кој е раскинат поради санкции.

Пронајдете не на следниве мрежи: