САД вложува 756 милиони долари во опрема на компанијата „Lockheed Martin“ како поддршка за хиперсонично оружје

– Американската војска во петокот и’ додели договор вреден 756 милиони долари на компанијата „Lockheed Martin“ за опрема за поддршка на копно (GSE), објави компанијата.„Денес американската војска на компанијата „Lockheed Martin“ и додели договор вреден 756 милиони долари, за испорака на дополнителна опрема за националниот копнен хиперсоничен систем на оружје, Хиперсонично оружје со голем дострел (LRHW)“, се вели во соопштението на компанијата која се занимава со воздухопловство, вселена и одбрана.Во соопштението се наведува дека според новиот договор, „Lockheed Martin“ на војската ќе и даде дополнителна батериска опрема, поддршка за системи на софтверско инженерство, како и логистички решенија.Реализацијата на договорот е предвидена до 28 февруари 2028 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: