„САКАМЕ ДА СЕ ЧУВСТВУВАМЕ БЕЗБЕДНИ“ Полска гради ЅИД на границата со Калининград

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак издаде наредба за изградба на привремена бариера долж границата со руската територијална ексклава Калининградската област.

„САКАМЕ ДА СЕ ЧУВСТВУВАМЕ БЕЗБЕДНИ“ Полска гради ЅИД на границата со Калининград

Овој потег уследи по сомнежите на Варшава дека Русија планира да го олесни илегалниот граничен премин за азиските и африканските мигранти, пишува Ројтерс.

Блшашчак изјави дека изградбата на бариерата е неопходна за Полска да се „чуствува безбедно“.

Тој додаде дека бариерата ќе ја опфати целата граница од 210 километри, а градежните работи ќе почнат денеска.

Во јуни Полска ја заврши изградбата на челичен ѕид на границата со Белорусија.

Таа граница беше сцена на мигрантската криза минатата година, кога голем број луѓе илегално влегоа во Полска од територијата на Белорусија.

Полските и другите лидери на ЕУ ја обвинија белоруската влада дека управува со миграцијата со цел да создаде хаос и поделби во Европската унија како одмазда за санкциите наметнати од Западот, потсетува британската агенција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.