Само Лионел Меси и Кристијано Роналдо, според учинокот во 2013 година, се наоѓаат пред 20-годишниот напаѓач на Сампдорија, Мауро Икарди.
Имено, гледајќи ги голгетерските учиноци на играчите во петте најсилни европски првенства (Серија А, Примера, Премиер лига, Бундес лига и Ле шампионат), Икарди се наоѓа на третото место. Аргентинецот во 2013 година има постигнато осум погодоци, поуспешни од него се само двајцата најдобри фудбалери на светот – Лионел Меси кој постигнал 13 и Кристијано Роналдо кој постигнал 10 голови. Мауро Икарди, вкупно во Серија А, сезонава има постигнато девет голови, неодамна тој меѓу Аргентина и Италија, ја одбра Аргентина како земја за која ќе настапува.
Макфакс
Само Лионел Меси и Кристијано Роналдо, според учинокот во 2013 година, се наоѓаат пред 20-годи
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.