Само со неколку евтини состојки: Подгответе си сос кој совршено се комбинира со риба и секаков вид на месо

Loading...

Многу лесно се прави, а ќе им даде одличен вкус на јадењата.
Состојки:
– 6 лажици мајонез;
– 6 лажици кисела павлака;
– 2 чешниња лук;
– 2/3 кисели краставички;
– малку магдонос;
– сол;
– бибер.


Подготовка:
Во сад ставете 6 супени лажици мајонез и 6 супени лажици кисела павлака.
Додадете ги ситно исечканите кисели краставички и исечканиот магдонос.
Додадете го лукот (кој претходно сте го згмечиле) и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Зачинете со сол и бибер по вкус, покријте ја смесата со фолија и оставете ја во фрижидер еден час.
По желба додадете и половина лажица сенф, ситно исечкани перца од млад кромид.
Сосот е идеален за сите видови печено и мелено месо, пилешко месо, риба и морски плодови.
Пријатно јадење!

loading...