Сан Антонио ги растури Клиперси, брилираше Паркер

Loading...

Само две средби се одиграа во НБА лигата во ноќта помеѓу четвртокот и петокот, во нив победи забележаа Мајами и Сан Антонио.

Мајами, во дребито на истокот, победи во Чикаго со 86:67, додека Сан Антонио во Лос Анѓелес ги совлада Клиперси со 116:90. Мајами во Чикаго ја забележа деветтата победа во низа, актуелниот првак сега има скор 38-14. Леброн Џејмс со 26 поени, 12 скокови и 7 асистенции и Двејн Вејд со 17 поени, осум скока и пет асистенции го предводеа мајами до победата.  Тони Паркер, во „Стејплс Центар“  одигра брилијантен натпревар и го водеше Сан Антонио до победата над Клиперси. Францускиот репрезентативец постигна 31 поен на кои придодаде седум асистенции без ниту една загубена топка. Спарси се тимот кој го има најдобриот резултат во лигата, 44-12. Мет Барнс со 18 и Блејк Грифин со 17 поени беа најдобрите играчи во редовите на Клиперси.
Макфакс
Само две средби се одиграа во НБА лигата во ноќта помеѓу четвртокот и петокот, во нив победи забележаа Мајами и Сан Антонио.

Мајами,

loading...