СДСМ ја спореди Мизрахи со Диме Спасов

Loading...

Техничката министерка, Мизрахи по стапките на Диме Спасов, слугува на режимот на груевизмот и се служи со невистини и манипулации, тимот на СДСМ и Царовска ја вратија социјалната грижа на прав пат – тврдат од таа партија. Притоа додадоа дека се работи за груевистички пристап кон политиката…
„Ваквите обиди за внесување на тензија и грижа кај граѓаните се типично режимско однесување и злоупотреба на човечки судбини. Самиот тим на Мизрахи е олицетворение на режимската матрица во која ВМРО-ДПМНЕ е длабоко западната. За потсетување, во тимот на Мизрахи е Ѓоко Велески поддржувач и поборник на груевизмот, соработник од времето на неспособното владеење на Диме Спасов. Токму тоа беше времето во кое што освен немилосрдно се трошеа пари на луксуз и расипништво никој не водеше грижа за сиромашните, стечајците беа игонирани и турнати на маргините, а социјалната помош беше срамна и недоволна за ништо, пензионерите беа постојано манипулирани, а усогласувањето на пензиите беше злоупотребувано за купување на гласови пред избори, а жените беа маргинализирани.
Изјавите на Мизрахи се потврда дека таа не е спремна да биде технички министер туку слугува на режимот. Техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, после 2 дена работа покажува некомпетенции и демонстрира дека не го прочитала новиот Закон за социјална заштита со кој надлежноста за издавање на наодот и мислењето за потребата за помош и нега од друго лице, врз основа на кое се остварува паричниот надоместок, е пренесна на 15 стручни комисии формирани од страна на Министерството за здравство.
Министерката уште пред да почне да раководи до МТСП требаше да знае дека оваа комисија не е во надлежност на министерството туку на јавната установа која во рамките на својата дејност третира проблеми од областа на психо-физичкиот развој на лица со одреден вид на попреченост.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска за само 2 и пол години направи многу повеќе од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години. Со реформирањето на комисијата,  Министерството за труд и социјална кое е предводено од тимот на министерката Царовска покажа грижа за секој граѓанин и за професионално работење на комисијата којашто во времето на претходната власт беше извор на непочит и корупција“, пишува во реакцијата на СДСМ.

loading...