Северина итно пренесена во болница

Еден ден по промоцијата на нејзината најнова песна „Верувам во Господ“, хрватската пејачка се соочува со здравствени проблеми. Балканските медиуми пишуваат дека Северина е заразена со коронавирисот и дека е видена во загрепска болница, но пејачката до сега не се огласи.

Менаџерот на пејачката Иван Бубало потврди дека таа навистина била во болница поради влошена здравствена состојба. Како што Бубало изјавил за медиумите, точно е дека пејачката има корона, но верува дека многу брзо ќе ги надмине сите проблеми и ќе настапи насмеана и ведра пред многубројната публика на 31 декември во Сплит.
Пред две години Севе за прв пат сподели со своите фанови дека е позитивна на коронавирусот.

Северина итно пренесена во болница

„Иако немам никакви симптоми, денес добив потврда дека сум позитивна на Ковид-19, додека тестот на мојот син е негативен. Веднаш утрово, по контактот со епидемиологот, ги презедов сите мерки. Го известив и таткото на детето и во договор со него му го предадов два дена пред одредениот термин со цел самоизолацијата да ја помине со него, без оглед на негативниот тест“, напиша тогаш Северина во својата објава.

Пронајдете не на следниве мрежи: