Северина не дава синот да замине со татко му во Србија

Loading...

Нејзината фрка околу старателството на синот Александар не престанува. Пејачката Северина и понатаму е во фамозна дилема. – Татко му Поповиќ не дал изјава, не дојде на суд. Мислам дека ова беше веќе договорен случај, дека детето ќе биде однесено во Србија кај него, јас никогаш повеќе да не го видам. Мојот син е сега со мене, имаме летни одмори, ќе одиме на море, објаснува Северина за медиумите кои се значително љубопитни.


Таа е веќе на море, во родниот Сплит, па од сплитската рива на која обожава да се шета, фаќа и сонце и морско расположение, со нетрпение со синчето да замине на некој јадрански остров, далеку од новинарите и медиумите. Нејзиниот адвокат Матиќ се појави на суд со 49-годишната пејачка велејќи дека тука е најважно дека детето сака да живее со мајка си, не со таткото. – Значи, тоа е нешто што ви кажува сè за оваа постапка. Одлуката е завршена, нема веќе да се изведуваат докази. Завршија сослушувањата и дискусијата и одлуката ќе следи во одреден временски период, објаснил адвокатот.

loading...
Loading...