Северина ослабе 7 килограми благодарение на овој појадок! Таа вежба еднаш неделно, а еве што им препорачува на жените

За одличната фигура на Северина е заслужно смути направено од неколку различни видови овошје.

Нема сомнеж дека пејачката Северина Вучковиќ (51) изгледа одлично и со години ја одржува истата тежина. 

Иако имаше и една „екскурзија“ со помал вишок килограми, таа брзо успеа да ослабе 7 килограми и сега има 56. Очигледно, Северина не оди во теретана , иако повремено вежба, а фигурата ја одржува со правилна исхрана и тешки изведби.

– Доволно ми е да правам вежби еднаш неделно, а кога се подготвувам за турнеја, тогаш тренирам три до четири пати. Вежбам рамномерно и го стресувам целото тело, а за совршен задник правам и чучњеви. На сите жени би им препорачала да прават по 100 чучнувања дневно и модната писта е нивна – изјави пејачката за Пинк.

Исхраната на пејачката главно се состои од сирово овошје и зеленчук.

View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina)

 Се трудам да не внесувам токсини во организмот и ми се чини дека сум на добар пат целосно да ги исфрлам од исхраната. Бидејќи сакам овошје и зеленчук, во последно време ги јадам само. Штом станам пијам смути, во кое ставам моркови, цвекло, малини, јагоди, боровинки, капини и бадемово млеко. Понекогаш фрлам малку банана за да биде погуста. Тој оброк навистина ме заситува, па не сум гладна до ручек – рекла таа.

Појадокот на пејачката се состои од три јајца, за ручек најчесто избира филе од риба, а за вечера овошје. Нејзиното омилено јадење е сушито, а кога слабеела, редовно јадела риба. 

Пронајдете не на следниве мрежи: