СЕВЕРНА КОРЕЈА лансираше НЕИДЕНТИФИКУВАНА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА: Патека на летање кон Јапонското Море

Северна Кореја истрела „неидентификувана“ балистичка ракета, соопшти денеска јужнокорејската војска.

„Северна Кореја истрела неидентификувана балистичка ракета“ кон Јапонското Море, соопшти Генералштабот на армијата на Јужна Кореја без да даде детали.

Ракетата беше лансирана по состанокот на замениците министри за надворешни работи на Соединетите Американски Држави, Јапонија и Јужна Кореја.

„Се договоривме да ја интензивираме соработката (…) за Северна Кореја веднаш да ги прекине своите незаконски активности и да ги продолжи преговорите за денуклеаризација“, рече јужнокорејскиот функционер Чо Хјун-донг на состанокот.

Севернокорејски проектил леташе над Јапонија минатиот месец, а Пјонгјанг исто така тврдеше дека спровел тактички нуклеарни вежби.

Пронајдете не на следниве мрежи: