Седум години од смртта на Милошевиќ

Loading...

Седум години од смртта на поранешниот претседател на Србија и на СР Југославија, Слободан Милошевиќ се навршуваат во понеделникот.Некогашниот лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС) погребан е во дворот на неговата куќа во Пожаревац, каде денеска се очекува да положат цвеќе неговите почитувачи, меѓу кои и актуелниот министер за сообраќај на Србија, Милутин Мркоњиќ.„Како и секоја година, ќе оставам букет цвеќе на гробот на Слободан. Кон Милошевиќ чувствувам длабоко почитување и пријателски емоции. Смртта го пресели во историјата и како што одминуваат годините, сликата за него е се побистра и во пошироката јавност. Се надевам дека еден ден ќе се прошетам по некој белградски булевар, кој ќе го носи неговото име“, изјави Мркоњиќ за „Новости“.Изутрината претставници на Радикалната партија го посетија гробот на Милошевиќ и изнесоа оценка дека тој е „убиен“ во Хашкиот трибунал каде му е судено за воени злосторства.Милошевиќ беше избран за претседател на тогашното Претседателство на СР Србија во мај 1989 година, а на првите избори, во декември 1990 година избран е за претседател на Србија.Претходно, на основачкиот конгрес на Социјалистичката партија на Србија, на 27 јули истата година, стана првиот претседател на партијата и остана на чело до смртта. Оваа партија настана со обединувањето на Сојузот на комунистите на Србија и на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Србија.На предвремените избори во декември 1992 година, повторно е избран за претседател на Србија, а од 1997 година до октомври 2000 беше претседател на Сојузна Република Југославија.Тој ја предводеше делегацијата во која се наоѓаа по три членови од СРЈ и Република Српска за време на мировните преговори во Дејтон (САД) во ноември 1995 година.Потписник е на Договорот за мир во БиХ, познат и како Дејтонскиот договор во декември 1995 година во Париз.Периодот на владеење на Слободан Милошевиќ е окончан во октомври 2000 година со победа на кандидатот на Демократската организација на Србија, Воислав Коштуница на изборите за претседател на СРЈ.
МакфаксСедум години од смртта на поранешниот претседател на Србија и на СР Југославија, Слободан Милошевиќ се навршуваа

loading...