„СЕЛЕКТОРОТ МУ РЕКОЛ НА РОНАЛДО ДА ЗАМИНЕ! Драма пред мечот на Португалија – на површина излегоа нови детали од конфликтот со Роналдо!

Кристијано Роналдо не престанува да прави проблеми, а сега во нокаут фазата на Мундијалот и прави главоболки на својата репрезентација.

Кристијано Роналдо не престанува да биде тема на овој Мундијал. Откако се скара со Манчестер Јунајтед и доби отказ, сега португалските медиуми објавија дека тој е во конфликт со селекторот Фернандо Сантош бидејќи искусниот стручњак не го ставил во стартниот состав за натпреварот против Швајцарија.

„СЕЛЕКТОРОТ МУ РЕКОЛ НА РОНАЛДО ДА ЗАМИНЕ! Драма пред мечот на Португалија – на површина излегоа нови детали од конфликтот со Роналдо!

Фудбалскиот сојуз на Португалија брзо демантираше, но сега весникот „Рекорд“ кој првично објави информација за конфликтот, повторно напиша дека тензии постојат!

„Португалската фудбалска федерација ја демантираше веста дека Кристијано Роналдо се заканувал дека ќе ја напушти репрезентацијата за време на Мундијалот кога дознал дека нема да биде во стартниот состав против Швајцарија. Ја потврдуваме информацијата објавена од повеќе извори.

Разговорот помеѓу Фернандо Сантош и Кристијано Роналдо вечерта пред мечот со Швајцарија бил многу бурен, а селекторот на репрезентацијата му дозволил да си замине. Разговорот продолжи, но играчот се повлече, кога сфати дека сега не е најдобро време за толку голем раскол“, се наведува во текстот.

Португалија од 16 часот ќе го игра осминафиналниот натпревар од Светското првенство против Мароко и останува да се види дали искусниот Сантош ќе попушти под големиот притисок на португалската јавност и самиот Роналдо или пак ќе даде шанса од првата минута до Гонзало Рамос, кој одигра фантастичен натпревар против Швајцарија и даде три гола.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.