НАТО ЗА КОСОВО: Ги повикуваме сите на смиреност

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, рече дека мисијата на КФОР останува исклучително будна и целосно способна да ја изврши својата мисија како што е наложено од Обединетите нации.

Ги повикуваме сите страни да избегнуваат провокативни акции и реторика и да придонесат за смиреност и стабилност – напиша таа на Твитер.

Лунгеску, исто така, изјави дека НАТО им се придружува на своите сојузници и на Европската унија во осудата на нападот врз членките на ЕУЛЕКС.

Им се придружуваме на сојузниците на НАТО и на ЕУ во остро осудување на шок-бомба нападот врз извидничката патрола на ЕУЛЕКС синоќа. Секој таков напад е неприфатлив и одговорните мора да одговараат – напиша Лунгеску.


Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.