Силен земјотрес во Атина, жителите во паника (ВИДЕО)

Силен земјотрес е почувствуван во близина на главниот грчки град, со епицентар 23 километри северозападно од Атина. Потресот ги предизвика луѓето да бегаат на улиците, како и проблеми во телекомуникациите.
Земјотресот “беше силен, но за среќа не траеше долго“, рекол еден од сведоците, цитиран од Јуропеан ертквејк монитор.
Според прелиминарните податоци, земјотресот имал сила од 5,3 степени, а треперењето кратко време по 13 часот траело најмалку 15 секунди. Засега нема информации за повредени или за каква било голема штета, но локалните медиуми известија за некои прекини на струја во централна Атина и прекини на телефонските линии. Жителите на Атина велат дека земјотресот бил проследен со неколку помали афтершокови.
Ова е прв земјотрес во грчкиот главен град по тој во 1999 година, со сила од 6 степени, во кој загинаа најмалку 143 луѓе, а се урнаа повеќе од 100 згради.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.
error: Content is protected !!
mk_MKMacedonian