Сите заразени фудбалери на Сампдорија се излечија од коронавирусот

Loading...

Излечени се сите фудбалери на Сампдорија, кои биле заразени со коронавирус, според тренерот на тимот од Џенова, Клаудио Раниери.
– Сите наши играчи се излекувани. Јас бев многу тажен кога дознав дека има заразени фудбалери на тимот, но фала му на Бога, сè е во ред, прокоментира Раниери.
Првиот позитивен тест за КОВИД-19 на играч на тимот беше напаѓачот Маноло Габиадини минатиот месец, а после тоа стана јасно дека се заразени и Омар Коли, Албин Екдал, Антонино Ла Гумина, Мортен Торсби, Фабио Депаоли и Бартош Берешински.

loading...