Скопје домаќин на завршниот турнир во АБА лигата?

Loading...

Челниците на регионалната АБА лига, на состанокот кој ќе се одржи во вторник, треба да решат кој град ќе биде домаќин на завршниот турнир.

„Новости“, на својата интернет страница објави дека најсериозен кандидат за организатор на „Фајнал Фоур“ турнирот е македонската престолнина Скопје. Неодамна, желба да го организира турнирот, на кој ќе учествуваат најдобрите четири екипи во АБА лигата, покажа Крагуевац. На четири кола до крајот на регуларниот дел од сезоната во регионалната лига, пласман на завршниот турнир обезбедија Игокеа и Црвена звезда, додека за преостанатите две места се борат Раднички Крагуевац, Будуќност и Партизан. Македонскиот првак, кој сезонава дебитираше во ова натпреварување, ги загуби шансите за пласман на завршниот турнир, но доколку избраниците на Алеш Пипан во последните три кола забележат две победи тогаш можат да стигнат до шестото место и да изборат настап во Евро купот, во следната сезона.
Makфакс
Челниците на регионалната АБА лига, на состанокот кој ќе се одржи во вторник, треба да решат к

loading...