„Денеска сум во Вашингтон за да му се заблагодарам на американскиот народ, претседателот и Конгресот за помошта што очајно ѝ е потребна на Украина. И да ја продолжиме соработката, за да се доближиме до нашата победа“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм, споделувајќи неколку фотографии од пристигнувањето.
Тој додаде дека ќе одржи серија преговори за зајакнување на стабилноста и одбранбените способности на Украина.
„Со претседателот Бајден особено ќе разговарам за билатералната соработка меѓу Украина и САД. Следната година мора да го вратиме украинското знаме и слободата на територијата на целата наша земја, на целиот наш народ“, напиша Зеленски.
Тој веќе стигна во Белата Куќа, каде беше пречекан од американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.President Biden and first lady Jill Biden welcome Ukrainian President Volodymyr Zelensky (@ZelenskyyUa) to the White House on his first foreign trip since the Russian invasion. pic.twitter.com/OhKxek3oQM
— CSPAN (@cspan) December 21, 2022