Сончево со силен ветер и температури до 21 степен, утре снег

Loading...

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде ќе достигне брзина од над 70 km/h.
Кон крајот на денот ќе настапи наоблачување, во западните делови со врнежи од дожд.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната до 21 степен.
Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 19 степени.
Во четврток и петок ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и некои повисоки места ќе има врнежи од снег.
Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 сантиметри. Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец, а дневната температура значително ќе се намали.

loading...