Со едноставен трик лебот ќе остане свеж многу подолго

Многу луѓе го чуваат лебот во корпа за леб, подготвен за правење сендвичи или тост.Меѓутоа, тиктокерката Sammar Charif тврди дека ова не е најдобриот начин да направите вашиот леб да трае подолго. Бидејќи цените во продавниците денес се многу повисоки од порано, важно е да заштедите што е можно повеќе.

Таа има повеќе од 3,4 милиони прегледи на нејзините видеа на TikTok. Сега откри дека лебот го чува во микробранова печка.

@sammar___

#kitchenhack for those #single household homies like me that take 3 weeks to finish a load of bread 💀

♬ original sound – Sammar

„Луѓето ме нарекуваат чудак кога ќе видат дека имам леб во микробрановата, но слушајте, тоа го одржува свеж. Ми трае двојно повеќе. На овој леб му истекол пред околу една недела и нема ни трошка мувла“, рече таа на видеото.

Експертите од King Arthur Baking тврдат дека времето на сечењето на лебот, средината во која се чува и пакувањето се фактори кои можат да влијаат на тоа колку лебот ќе трае.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.