Со правилна исхрана против симптомите на депресијата и анксиозноста

Освен што предизвикува мрачен поглед кон светот, депресијата предизвикува и физички симптоми како главоболка, замор, несоница и проблеми со варење.
Научниците истакнуваат дека со балансирана и правилна исхрана во телото ја внесуваме потребната количина на хранливите материи, кои можат да го подобрат расположението и да нè ослободат од депресијата.
Истражувањето спроведено од магазинот „BMC Medicine“, потврдува дека кога телото е здраво и одморено, и нашиот мозок се чувствува исто. Исто така истакнуваат дека кај депресијата и анксиозноста помага вежбањето, кое поттикнува лачење серотонин – хормон на среќа.


Досегашните истражувања потврдуваат дека исхраната која вклучува разновидно овошје и мала количина на шеќери и животински масти, помага кај ублажување на симптомите на депресија, анкциозност и замор.
Освен тоа, на организмот му е потребна двојна количина на тешко сварливи влакна, кои се наоѓаат во билките и имаат многу важен ефект за цревната микрофлора, поради што е важно да се вклучуваат и во секој оброк.

Loading...