Меси се израмни по бројот на настапи со Матеус и го надмина Батистута

Аргентинскиот капитен Лионел Меси се израмни со легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус на листата играчи со најмногу настапи на светските првенства.

И двајцата сега имаат по 25 настапи, но пред аргентинскиот фудбалер е уште еден натпревар во Катар и по завршувањето на Мундијалот и финалето в недела Меси ќе биде новиот рекордер.

Меси настапи на пет светски првенства (2006, 2010, 2014, 2018, 2022) и постигна 11 голови, а сè уште ја чека својата прва мундијалска титула.

Напаѓачот на француски ПСЖ, воедно, сега е и прв аргентински стрелец на светските првенства. На чело на листата досега беше Габриел Батистута со 10 голови. Диего Диего Марадона и Гиљермо Стабиле постигнаа по осум.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.