Средба на претседателот Пендаровски со Јосип Варводиќ, потпретседател на Европската пливачка федерација и член на бордот на Светската пливачка федерација

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Јосип Варводиќ, потпретседател на Европската пливачка федерација и член на бордот на Светската пливачка федерација – ФИНА.

На средбата се разговараше за актуелните состојби и за досегашните реализирани активности на Националната пливачка федерација, како и за организациските проекти во пливањето на домашен и меѓународен план.

Во контекст на блокираната сметка на Националната пливачка федерација и долговите кон светската и кон европската пливачка федерација, на средбата се разменија мислења и информации за можните начини за изнаоѓање решенија за предизвиците поврзани со работата на федерацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.