Стогодишникот маратонец тажен поради повлекувањето

Loading...

Еден 101-годишен припадник на индискиот народ Сики, за кој се верува дека е најстариот маратонец во историјата изјави во четвртокот дек чувствува голема тага поради повлекувањето од натпреварувањата, додека се подготвува за својата последна трка што ќе ја трча викендов.

 Фауџа Сингх кој уште го викаат „Торнадото со турбанот”, почнал да трча на 89-годишна возраст и до тогаш завршил девет маратони, меѓутоа признава дека староста сепак „го стигнала” .
„Ја сум повреден од фактот дека ќе се повлечам”, изјави овој Британец роден во Индија кој зборува само пенџабски јазик, а со медиумите комуницира преку преведувач пред неговиот последен натпревар кој ќе се одржи во недела.
„Јас навистина не сакам да го слушнам зборот ‘пензија', бидејќи сѐ уште можам да трчам и да скокнам во автобус. Тоа е негативно чувство какво никогопа претходно не сум го доживеал”, вели Сингх.
Фауџа Сигнх кој бил фармер во својот дом во сојузната држава Пенџаб во Индија пред да се досели во Англија, истрчал девет целосни маратони (43 километра), во Лондон, Торонто и Њујорк.
Неговото најдобро време го постигнал на маратонот во Торонто, каде трчал 5 час, 40 минути и 4 секунди.
Во недела, маратонецот кој на 1-ви април годинава ќе наполни 102 години, ќе учествува на 10-километарската трка во споредната програма од маратонот во Хонгконг.
Сингх, прадедо кој живее во Илфорд, вели дека има „измешани чувства” за пензионирањето.
„Се плашам дека луѓето нема да ме сакаат кога ќе престанам да трчам. Во моментов сите ме сакаат… Се надевам дека никој нема да ме заборави или игнорира. Кога ќе остарете, станувате како дете и сакате внимание”, вели Сингх.
Сикот кој е тежок само 52 килограми, вели дека не боледува од никаква болест, меѓутоа признава дека „трките му стануваат тешки” во неговата возраст.
Најавува дека ниту по повлекувањето од натпреварувањата нема да престане да трча поради личното здравје.
Макфакс
Еден 101-годишен припадник на индискиот народ Сики, за кој се верува дека е најстариот маратонец во историјата изјави

loading...