Суарез: Бане Ивановиќ извини!

Луис Суарез упатил извинување до дефанзивецот на Челзи, Бранислав Ивановиќ, поради неспортскиот потег кој го направи на неделното дерби помеѓу Ливерпул и Челзи.

Суарез во 74.минута од натпреварот го гризнал за раката дефанзивецот на Челзи, главниот судија Кевин Френд не го забележал тој детал, но Уругваецот може да очекува казна откако челниците на ФА ќе ја прегледаат снимката од натпреварот. Суарез со овој потег потсети на легендарниот бокс меч кога Мајк Тајсон му одгриза дел од увото на Ивандер Холифилд. „Тажен сум поради сè што се случи. Му се извинувам на Ивановиќ и на целата фудбалска јавност поради моето однесување. Се обидов да го контактирам Ивановиќ, лично да разговарам со него и да му се извинам. Исто така им се извинувам на мојот менаџер, соиграчите и на сите во Ливерпул поради моето однесување“, се наведува во соопштението на Суарез. Инаку, ова не е прв пат Уругвацот да гризне противнички играч, истото му се случи и во времето кога настапуваше за Ајакс. Дербито во Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Челзи заврши со резултат 2:2, а израмнувачкиот гол го постигна токму Суарез во 97.минута од натпреварот.
Макфакс
Луис Суарез упатил извинување до дефанзивецот на Челзи, Бранислав Ивановиќ, поради неспортскиот потег кој го направи на нед

Пронајдете не на следниве мрежи: