Суперлига: МЗТ, Работнички и Фени стартуваа со победи

Loading...

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, Работнички и Фени индустри забележаа победи во натпреварите од првото коло, во Суперлигата.МЗТ одбраната на титулата ја започна со победата над Кожув од 77:71, до која избраниците на Алеш Пипан стигнаа многу потешко од очекувањата. Кожув имаше предност се до 36 минута, кога МЗТ со поените на Дамјан Стојановски стигна до првото водство на натпреварот, кое не го испушти до крајот на мечот.Надворешната линија на МЗТ одигра исклучително лош натпревар, резултатски приклучок во текот на мечот го одржуваше центарскиот двоец Гечевски (17 поени, 10 скокови) и Чековски (16 поени, 9 скока). Дамјан Стојановски со 19 поени, сите постигнати во второто полувреме, го предводеше МЗТ до победата.Гостите од Гевгелија ги предводеше поранешниот играч на МЗТ Мијајловиќ со 13 поени, Караџовски постигна поен помалку.Работнички предводен од Американците Голдваер и Шарпер, стигна до победата над Лирија со 106:92. Голдваер имаше ефект од 26 поени, шест скока и седум асистенции, додека Шарпер мечот го заврши со 25 поени.Покрај овие двајца со двоцифрен број на поени мечот кај Работнички го завршија Абукар (16 поени, 5 скока), Зивчевиќ (13 поени, 5 скока), Јелисијевиќ (11 поени, 9 скока, 4 асистенции) и Аврамовски (11 поени).Тасовски со 20 поени беше најефикасниот играч на Лирија, каде уште се истакнаа Радуновиќ (16 поени, 7 скока), Хаџибулиќ и Угриновски по 14 поени, Симиќ (11 поени) и Морбан (10 поени).Фени индустри пред своите навивачи го победи Куманово со 96:89 – репрезентативецот Соколов постигна 19, а Трајковски два поени помалку за Кавадарчани, додека Луковиќ со 28 и Дивејн со 21 поен беа најпрецизни во редовите на Куманово.Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, Работнички и Фени индустри забележаа победи во натпреварите од првото коло,

loading...