Тага во семејството, фановите со искрено сочувство- Пријовиќ сподели тажни вести: „Се надевам таму горе ќе ти биде подобро“

Пејачката Александра Пријовиќ на својот Инстаграм профил објави тажни вести во врска со член од нејзиното семејство.
Станува збор за нејзиниот дедо кој вчера починал, а по тој повод пејачката се огласи на Инстаграм.
-Мил мој дедо, вчера си замина…многу ќе ми недостигаш…не можам да ти ја опишам оваа тага…се надевам дека таму негде ќе ти биде подобро и дека ќе те чуваат ангели…те сака твојата внука најмногу на целиот свет, дедо мој…засекогаш, стои во прошталната порака на Пријовиќ.


Инаку во петокот Пријовиќ и Филип Живојиновиќ прославија една година од брак откако лани на 21 јуни се венчаа на гламурозна венчавка.

Loading...