“Телеграф“: За да се спаси Брегзит се бара смена на Меј

Британските медиуми објавија дека дел од министрите во британската Влада отворено се побуниле против премиерката Тереза Меј и побарале нејзина смена, а преговорите за Брегзит да ги заврши привремен премиер.
Најмалку шест министри сакаат Дејвид Лидингтон, заменикот на Меј, да го преземе местото шеф на Влада до регуларните избори, пишува “Сандеј тајмс“. Министрите во понеделник, на владината седница, ќе се соочат со премиерката и ќе се заканат со масовна оставка доколку таа не се повлече, тврди весникот. “Телеграф“ објави дека министрите со тоа сакаат да го спасат Брегзит и да спречат Парламентот да ја преземе контролата над овој процес.
– Крајот е блузу. Заминува за десет дена, објави “Сандеј тајмс“, цитирајќи неименуван министер во британската Влада.
Освен Лидингтон, поддршка од членовите на кабинетот имаат и актуелниот шеф на дипломатијата Џереми Хант и министерот за екологија Мајкл Гоув, тврди “Дејли меил“.