Пратеник од турската опозиција денеска итно е префрлен во болница и сместен на интензивна нега во Анкара поради удар во главата при тепачка во Парламентот.
Тепачката изби на расправата за државниот буџет за 2023 година.
![](https://puls24.mk/wp-content/uploads/2022/12/Screenshot_3-29.jpg)
Состојбата му се влоши поради удар во главата. Тој беше на реанимација во болница, а состојбата на 58-годишниот Хусеин Орса Орса од националистичката партија Добра е „критична“ – изјави за новинарите неговата сопартијка Ајлин Цесур.
На видеата во турските медиуми се гледа како Орс, пратеник од Трабзон, на Црното Море, е удрен од член на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој има досега не е коментирано.
Расправиите и размената на удари се честа појава за време на тензичните дебати во турскиот парламент.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.