Тестенини со шери-домати и сирење

Loading...

Ако сте љубители на тестенини, можеби веќе го знаете овој рецепт.
Доколку не го знаете, време е да го вметнете во вашето редовно мени и да го имате како дополнителна идеја секогаш кога размислувате на кој начин да ги подготвите.
Состојки:
300 гр шери домати
200 гр сирење фета
2 чешниња лук
Маслиново масло
300 гр тестенини по желба
Босилек, бибер и други зачини по желба
Подготовка:
Еден од начините на подготовка сигурно веќе сте го виделе. Во сад за печење ја ставате фетата, околу неа доматите, се зачинува и потпекува, па во тоа се меша сварената тестенина.
Другиот начин можеби бара повеќе труд. Во нелеплива тава ставете сосема малку маслиново масло, а шери доматите исечете ги на половинки и ставете ги да се динстаат на средно висока температура, заедно со лукот (не на најголемата). За тоа време, варете ги тестенините. Кога смесата од домати ќе почне да добива структура на сос, ставете ги зачините во сосот. Зачувајте од водата во која се вареа тестенините. Префрлете ги во тавата со сос, измешајте, додадете од водата и на крај искршете крупни парчиња фета. Сервирајте со свеж босилек.

loading...