Туристи од Србија меѓу кои и бебе повеќе од 13 часа завеани во Унгарија

Loading...

Голем број автобуси и автомобили со државјани на Србија стојат завеани на автопатот во Унгарија кај Ѓер веќе 13 часа. Меѓу бројните патници има и едно петмесечно бебе.

Од Амбасадата на Србија во Будимпешта за Блиц изјавиле дека спасувачките екипи веќе тргнале кон Ѓер за да им помогнат на српските туристи.
 
„Денеска во Унгарија е неработен ден, бидејќи е државен празник што ги отежнува нашите напори да им помогнеме на нашите туристи, но добивме информации дека спасувачките екипи и пожарникарите ќе им помогнат на нашите туристи“ изјавиле од Амбасадата и додадел дека во колоната кај Ѓер биле завеани повеќе од 100 автомобили.
 
Патник кој се наоѓа во еден од завеаните автобуси се јавил во РТС, изјавил дека на автопатот во Унгарија, кај Ѓер од синоќа се завеани големи колони на автомобили. Повеќето од автобусите возат на линија Виена – Белград. Тој рекол дека се завеани веќе 13 часа и дека се уште немаат помош.
 
Според неговите кажувања, паѓало многу снег, било многу ладно, а најблиската бензинска пумпа била на четири километри.
 
Никој од патниците не можел да излезе надвор, бидејќи било премногу ладно. Во автобусот се наоѓало и петмесечно бебе, а автобусот останал без  гориво и во него немало греење.
 
Инаку слаб до умерен снег паѓа во речиси цела Србија, додека повремено со појак интензитет снег паѓа на подрачјето на Војводина и на повисоките планински предели во централна и западна Србија,јавуваат српските медиуми.
 
Чистењето, а и проодноста на патиштата, го отежнува силниот ветер којшто ја намалува видливоста и нанесува дополнителни количини на снег на патиштата, посебно на подрачјето на Војводина, централна и западна Србија.
 
Поради ниските температури, покрај новоформираната снежна покривка, опасност при возењето претставува и голомразицата.
Макфакс
Голем број автобуси и автомобили со државјани на Србија стојат завеани на автопатот во Унгарија кај Ѓер веќе 13 часа. Меѓу

loading...
Loading...