Уапcен полицаец – ФАТЕН СО МИTО НА ЛИЦЕ МЕСТО – ДЕТАЛИ

По примена пријава од страна на граѓанин, а во координација со надлежен обвинител за гонење на организиран криминал, Единицата за корупција во Министерството за внатрешни работи по претходни добиени сознанија го лишиле од слобода полицискиот службеник Б.Џ. и при извршен преглед кај него се пронајдени парични средства во износ од 6.000 денари.

Имено, полицискиот службеник со цел да не преземе службени дејствија во смисла на изготвување на платен налог за наводно сторен прекршок побарал и примил поткуп. Од страна на полициски службеници бил приведен на местото кое претходно било договорено како место за предавање на поткупот. Полицискиот службеник е лишен од слобода и при прегледот од него се одземени парични средства во износ од 6000 денари кои биле кримтехнички обработени.

Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство презема мерки за понатамошно постапување.

Вработените во Министерството за внатрешни работи имаат обврска и се должни строго да ги почитуваат законските прописи. Во таа насока ги повикувам и охрабрувам граѓаните да го пријавуваат секое прекршување на законите од страна на полициските службеници.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.