Убиства врз полицајци ја потресуваат Албанија

Loading...

Во последните осум месеци во Албанија се извршени убиства врз тројца високи полициски офицери, јави дописникот на Макфакс.

Последното убиство е извршено деновиве врз полицискиот офицер во Тирана Дритан Ламај(41), кога во неделата пред неговиот стан е изрешетано неговото приватно возило.
Две лица обвинети за убиството, кое според албанските власти било планирано, се уапсени во Грција при обид да се сокријат.
Пред извесно време беа убиени и првите полицајци на полициските станици во Берарт и Шијак.
Според албанската телевизиска станица „Топ Ченел”, од 1990 година па до денес во Албанија се убиени 250 полицајци.
Албанското Министерство за правда најави поригорозни казни за убиство на полицаец, а опозицијата ја обвини власта дека не презема соодветни мерки за нивна заштита.
Макфакс
Во последните осум месеци во Албанија се извршени убиства врз тројца високи полициски офицери, јави дописникот на Мак

loading...