УЕФА нема дополнително да ја казни Србија

Loading...

Европската фудбалска унија (УЕФА), одби да ја исклучи младата репрезентација на Србија, од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2015 година, поради инцидентите на мечот со младата селекција на Англија.

На Србија само и потврдена претходно изречената казна – младата репрезентација два натпревара ќе одигра без присуство на публика, а Фудбалскиот сојуз ќе плати 80.000 евра.Интересно, УЕФА ја оспори сопствената жалба со која се бараа поголеми казни за инцидентите во Крушевац, откако искажа незадоволство од одлуката на сопствената Дисциплинска комисија. Дисциплинскиот инспектор на УЕФА, Жан Самјуел Леубе, бараше младата репрезентација на Србија да биде исклучена од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП во 2015 година, Сојузот да плати парична казна во износ од 200.000 евра, а кондициониот тренер Андија Милутиновиќ да биде суспендиран на пет години.
Макфакс
Европската фудбалска унија (УЕФА), одби да ја исклучи младата репрезентација на Србија, од квалификациите за пласман на Евр

loading...