Утре нови цени на бензините

Loading...

Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука за нови цени на горивата, која започнува да важи од ноќеска на полноќ.

Од утре, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛОТ останува непроменета.

Со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 58,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60,50 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 49,50 ден/лит. Цената на ЕУРОДИЗЕЛОТ останува 49,50 ден за литар. 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...