Уште еден коалициски партнер ја напушта словенечката влада

Loading...

Словенечката народна партија(СНП) ќе ја напушти коалициската влада и ќе премине во опозиција, изјави во вторник Радован Жерјав, претседател на СНП по состанокот на извршниот комитет на партијата.

Покрај Жерјав, кој е министер за економија, партијата од владата на почетокот на март ќе го повлече и министерот за земјоделство Франц Богович. Владата на премиерот Јанез Јанша веќе ја напуштија министрите од центристичката Граѓанска листа, а ист потег за крајот на месецот најави и министерот за надворешни работи Карл Ерјавец, кој ја предводи Демократската партија на пензионерите.
Со тоа ескалира кризата на словенечката влада, која по нешто повеќе од една година од формирањето наскоро би можела да има поддршка само од третина од пратениците во парламентот.
Иако се нагаѓаше дека трите партии кои излегуваат од коалицијата договориле контури на преодна влада и дека се договориле како кандидат за мандатар да го истакнат професорот по уставно право Миро Церар, Жерјав во вторник негираше дека партијата ќе влегува во некакви нови коалиции и најави дека до следните избори ќе дејствуваат во опозиција.
Макфакс
Словенечката народна партија(СНП) ќе ја напушти коалициската влада и ќе премине во опозиција, изјави во вторник Радован Жер

loading...