Уште 30 дена притвор за Камчев

На Бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, Цветан Панделески – директорот на комбинатот „Пелагонија” и Тодор Мирчевски, директорот компанијата „Ексико” осомничени во случајот „Империја” на Специјалното јавно обвинителство, Кривичниот суд во Скопје им определи нови 30 дена притвор.
Во истрагата за „Империја“, осомничени се 8 лица: ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, мајката и сестрата на Орце Камчев, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Владислав Стајковиќ, ексдиректорот на компанијата „Финзи“ преку која одеше набавката на израелската опрема за прислушување, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев, Јованче Тасковски и Лилјана Гајдовска.
Во последниве месец дена нема нови информации од страна на СЈО до каде се истрагите и евентуални нови моменти.