Фаворитите сигурни во Примера

Фудбалерите на Реал Сосиедад направија уште еден чекор кон освојување на четвртата позиција во примера, кој им носи учество во Лигата на шампиони, во следната сезона.

Екипата од Сан Себастијан извонредната низа на резултати ја продолжи и во Мадрид, откако со головите на Агирече го победи Рајо Ваљекано со 2:0. Реал Сосиедад нема пораз на последните 13 натпревари. Атлетико Мадрид е на третата позиција на табелата, ’јорганџиите’ до врв ја наполнија мрежата на Гранада, победувајќи со 5:0. Барселона и во комбиниран состав победи во Сарагоса со 3:0 – два гола постигна Тељо. Идентична победа како гостин во Билбао забележа и Реал Мадрид – два гола постигна Роналдо, а еден Игуаин. Колото во Примера ќе биде комплетирано со натпреварот помеѓу Мајорка и Селта кој ќе се одигра в понеделник.Резултати:Бетис_Севиља 3:3Ваљадолид-Хетафе 2:1Леванте-Депортиво 0:4Еспањол-Валенсија 3:3Малга-Осасуна 1:0Рајо Ваљекано-Реал Сосиедад 0:2Атлетико Мадрид-Гранада 5:0Сарагоса-Барселона 0:3Атлетик Билбао-Реал Мадрид 0:3.
Макфакс
Фудбалерите на Реал Сосиедад направија уште еден чекор кон освојување на четвртата позиција во

Пронајдете не на следниве мрежи: