ФАЈЗЕР: Вкацините мора безбедно да се чуваат и транспортираат до вакциналните пунктови

Loading...

Од европското преставништво на компанијата Фајзер, за Телевизија 24 посочуваат дека најважно е вакцините против Ковид-19 да бидат безбедно чувани и навремено транспортирани во соодветни услови додека да пристигнат на пунктовите за вакцинација.
Од компанијата велат дека „Фајзер“ развила детални логистички планови и алатки со кои се обезбедува транспортот, чување и постојаното следење на температурата.
– Нашата дистрибуција е изградена на флексибилен, навремен систем кој ги испорачува смрзнатите дози до пунктовите за вакцинација, велат од „Фајзер“.


На прашањето дали земји кои набавиле вакцини смеат да ги донираат вакцините или пак да ги препродаваат на други земји како што е случајот со Србија и Македонија, од „Фајзер“ за ТВ 24 одговорија:
-Фајзер со задоволство прифаќа да се разговара за ковид-вакцината која одредени земји би сакале да ја донираат на други земји, каде вакцината веќе има добиено регулаторна дозвола или авторизација. Важно е вакцините да останат во рамките на утврдениот синџир на снабдување за да можеме да ги обезбедиме дозите да стигнат до предвидените популации во добра состојба и да се администрираат онаму каде што е соодветна поддршката за давателите на здравствени услуги и каде будноста во фармакологијата е во функција“, се вели во одговорот на „Фајзер“.

loading...