Во четврток ќе бидат познати полуфиналистите во фудбалската Лига Европа, а според резултатите од првите натпревари блиску до пласманот меѓу најдобрите четири тима во ова натпреварување се Челзи, Бенфика и Фенербахче.Турскиот претставник Фенербахче, по првиот меч има предност од 2:0, а задачата во реваншот ќе му биде и олеснета со само тоа што Лацио поради казна ќе ја нема поддршката на навивачите.Челзи, во Казањ, против Рубин ќе ја брани предноста од 3:1, а идентична предност во Њукалс брани и екипата на Бенфика.Најмногу неизвесност се очекува на натпреварот помеѓу Базел и Тотенхем, првиот меч заврши со резултат 2:2, откако швајцарскиот тим ја испушти предноста од 2:0. Тотенхем на овој меч ќе игра без најдобриот играч Герет Бејл, кој се повреди токму на мечот со Базел.Со исклучок на натпреварот во Казањ, кој ќе започне во 18 часот, останатите дуели ќе стартуваат од 21:05 часот.
Макфакс Во четврток ќе бидат познати полуфиналистите во фудбалската Лига Европа, а според резултатите од пр